Интелектуалната сопственост како алатка за развој на туризмот

Објавено на 22.06.2010 од Maja Baric

Маја Бариќ  на 9-ти јуни 2010учествуваше со свое кратко излагање на јавна трибина на тема:„Туризмот како иднина за македонски развој“ која се одржа во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје на која учествуваа претставници на Владата на Македонија, на Стопанската Комора, Здружението на интелектуалци Трето доба, на Универзитетот за Туризам и Менаџмент во Скопје, како и други претставници од областа на туризмот и економијата. Таа го покрена прашањето за улогата на правата од интелектиална сопственост и развојот на туризмот. Подетално излагањето на трибината се засноваше на текстот објавен во делот за авторски текстови на консултантите на Прима Менаџмент Консалтинг под наслов „ИНТЕЛЕКТУАЛНАТА СОПСТВЕНОСТ КАКО АЛАТКА ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ“.