Одржливост на организацијата

Објавено на 06.01.2010 од Maja Baric

Автор Лилјана Алчева

Дали сметате дека вашата организација е одржлива?
Дали сметате дека на пр. обуката која ја испорачувате на вашата целна група ќе можете да ја спроведувате во ист интензитет по неколку години?
Дали имате јасен план како тоа ќе го направите?
Дали во спроведувањето на вашите редовни активности ќе имате поддршка од целната група и дали тие ќе бидат задоволни од ваште услуги?
Одговорите на сите овие прашања треба да водат до одговор на прашањето: дали вашата организација е одржлива.
А, дали Вашата организација е одржлива?

Одржливоста на организацијата може да се дефинира како способност на организацијата да има континуитет на своите основни активности, односно веројатноста организацијата да остане способна да ги продолжи своите главни активности за одреден временски период.

Во организациите може да се разликуваат два типа на одржливост, внатрешна и надворешна одржливост.

Надворешната одржливост зависи од политичките, социо културните, економските и другите фактори кои влијаат на работата на организацијата, како и актерите (клиенти, целна група, донатори, добаввачи и сл).

За да ја обезбеди надворешната одржливост, раководството на организацијата мора да води сметка за сите можности и закани кои доаѓаат од наодрешната средина. Опкружувањето за една просечна организацијата од Р. Македонија може да се каже дека се менува многу брзо. Промените во политиката на донаторот и економските, општествените и политичките промени преставуваат предизвик за раководството на секоја организација. Прашањето кое овде се поставува е како организацијата да ги одржи своите основни активности и да се развива во услови на турбулентно опкружување. Организациите, поточно нивните раководства и вработени треба да бараат инструменти и орудија за соодветна анализа и врз база на наодите и анализите да одлучуваат какви чекори ќе преземат за да обезбедат континуитет на организацијата. За да ја може да се процени надворешната одржливост, вообичаено се користат следниве критериуми:

  • Погодност ( покажува дали организацијата е соодветна (адекватна) за реализација на зададените или предвидените активности.
  • Легитимност (покажува во колкава мерка организацијата е прифатена од другите во своето опкружување)
  • Ефективност (покажува во која мерка продуктите и услугите на организацијата навистина ги задоволуваат потребите на целните групи и корисниците).

Погодноста на организацијата значи дали планираните активности се во склад со мисијата, колкав број луѓе со потребните капацитетите, буџет и материјални средства може да се мобилизираат за остварување на организациските цели. Проценката може да се направи преку моменталниот обем и квалитет на продуките/услугите, препораките од целната група и другите релевантни организации, искуството на организацијата и сл.

Легитимноста на организацијата може да се процени преку бројот на клиенти кои ја поддржуваат организациската мисија, задоволството на целната група од производите/услугите на организацијата, бројот на партнерски организации. Обем на производи/услуги

Ефективноста моЖе да се процени преку висината на процентот на остварени резултати наспроти претходно поставените цели, целните групи кои ги користат кои се задоволни со производите и услугите и сл.

Внатрешната одржливост е насочена кон внатрешните фактори од кои зависи продолжувањео на работата на органзиацијата и главно се фокусира на организацискта стратегија, структурата и системите, стилот на раководење мотивацијата на персоналот и организациската култура. Овде пред се се води сметка за јаките и слабите страни на организацијата. Раководството мора да биде свесно за она што би можело да биде предност а што слабост на органзиацијата.

Често пати, не сакајќи да ги признаеме слабостите внатре во организацијата, се фокусираме само на надворешните закани и можности. При тоа организацијата се доведува во ситуација да не може да ги остварува основните работи и ја губи својатаодржливост. И овде, како и кај надворешната одржливост е битно да се најде механизам за да се согледаат слабостите и предностите на организацијата, со цел да се обезбеди одржливоста на организацијата.

Како критериуми со кои може да се процени внатрешната одржливост се:

  • Ефикасноста (прилагодување на ресурсите за да се постигнат резултатите)
  • Флксибилноста ( способноста на организацијата да се прилагоди кон условите во надворешното опкружување).

Ефикасноста упатува на степенот на искористеност на ресурсите (влезните елементи) во однос на резултатите (излезните елементи) и истата може да се процени преку: трошоците по единица производ/услуга, трошоците по клиент, просечно време за производ/услуга, број на клиенти по вработен, обем на поизводи/услуги во однос на ангажираниот персонал. Флексибилноста на организацијата може да се процени преку: број на нови производи/услуги воведени во минатиот период, Просечно време потребно за донесување/имплементирање на некоја стратешка одлука, промените во методите за работа во изминатиот период и сл.

Во основа, обезбедувањето на организациската одржливост е поврзано со менаџментот на промени во организацијата.

Промените, треба да се разберат како неопходни во живониот циклус на секоја организација Тие може да донесат подобрување, подобар поглед во иднината, но исто така и закани, страв од губење на бенефиции, работа, престиж или, со други зборови, страв од иднината. Но, како што вели Спенсер Џонсон во популарната книга “кој го дрпна моето сирење” : “ Побезбедно е да талкаш во лавиринтот отколку да останеш таму каде што нема сирење.”