Профил на Прима менаџмент консалтинг

Прима менаџмент консалтинг е приватна фирма која испорачува консултантски услуги и обука во областа на организацискиот и проектниот менаџмент, раководењето со човечки ресурси, стратешкото планирање, планирање, спроведување и оценување на развојни иницијативи.

Прима менаџмент консалтинг работи на унапредување на раководењето и развојот на граѓанските, јавните и бизнис организации.

Прима менаџмент консалтинг е основана во 2008 година, и во неа е вградено долгогодишното искуство на основачот на фирмата и соработниците, кои го стекнале работејќи на повеќе национални и меѓународни програми и проекти за јакнење на човечките капацитети, развој во заедниците, подготовка на стратешки документи за организации и за заедниците, регионално планирање и друго.