Обука за Раководење со проектен циклус

Објавено на 25.10.2009 од Liljana Alceva

Раководењето со проектен циклус е збир на вештини на менаџирање на проектот во сите негови фази:  планирање, формулација, финансирање, мониторинг и оценка, кој е усвоен од Европската унија и може да се примени во проектите во деловниот, граѓанскиот и јавниот сектор.

Сакате да ги совладате вештините на РАКОВОДЕЊЕ СО ПРОЕКТЕН ЦИКЛУС?

Прима менаџмент консалтинг во период од шест недели во ноември/декември 2009 организира обука за Раководење со проектен циклус.

Таа е наменета за раководители и учесници во проекти во деловниот, граѓанскиот и јавниот сектор, но и за оние кои имаат интерес да развиваат или спроведуваат проект.

Теми опфатени со обуката: Основи на проектен менаџмент; методи на раководење со проекти; РПЦ (раководење со проектен циклус); фази на проектен циклус; пристап на Логичка рамка и матрица на логичката рамка; буџет на проектот; извори на финансирање; спроведување на проект ; мониторинг и евалуација на проект и вмрежувања во браншата.

Обуката ќе се спроведе во просториите на Универзитет Американ Колеџ во Скопје (нас.Аеродром).

Обуката ја испорачуваат квалификувани обучувачи со долгогодишно практично искуство во менаџирање проекти и програми.

Цена на чинење: 9.000,00 денари
Пријавување до: 31ви октомври 2009.
* За групи поголеми од 3 лица нудиме корпоративен пакет со погодности.

Пријава за обуката.

Агенда за обуката.
Кратка програма за обуката.

За сите информации Ве молиме да се обратите се на имејл адресата: contact@primacons.com.mk