Профил на Прима менаџмент консалтинг

Прима менаџмент консалтинг е приватна фирма која испорачува консултантски услуги и обука во областа на организацискиот и проектниот менаџмент, раководењето со човечки ресурси, стратешкото планирање, планирање, спроведување и оценување на развојни иницијативи.

Прима менаџмент консалтинг работи на унапредување на раководењето и развојот на граѓанските, јавните и бизнис организации.

Прима менаџмент консалтинг е основана во 2008 година, и во неа е вградено долгогодишното искуство на основачот на фирмата и соработниците, кои го стекнале работејќи на повеќе национални и меѓународни програми и проекти за јакнење на човечките капацитети, развој во заедниците, подготовка на стратешки документи за организации и за заедниците, регионално планирање и друго.

Основач и консултант/обучувач:
д-р Лилјана Алчева раководи со програмите на Хабитат Македонија од 2009 година и значајно придонесува за развојот на програмското портфолио и обезбедувањето финансии од институционални донатори.
Во 2008 година ја формираше Прима менаџмент консалтинг, преку која испорачува консултантски услуги и обука, наменети за сите чинители во општествениот развој во земјава и регионот.
Нејзина експертиза се: методологијата Управување со проектен циклус, организациски менаџмент, социјална инклузија, локален и регионален развој. Посетувала бројни обуки, студиски посети и други форми на стручно усовршување, а учествувала и на повеќе конференции, работни групи и форуми.
Лилјана дипломирала на Технолошко металуршкиот факултет во Скопје, магистрирала Менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко правни науки во Скопје, каде и докторираше во областа на социјалните науки.
Претходно, Лилјана работела на раководни позиции во Македонскиот центар за меѓународна соработка и канцеларијата на УНДП во Скопје.

– Тим на врвни експерти и консултанти во својата област се ангажира според потребите на обуките и услугите.