Автор на стручно-научен труд Community engagement in the energy efficiency of multi-apartment buildings (Вклучување на заедницата за енергетска ефикасност на станбени згради) , објавен во публикацијата Rethinking energy efficiency in time of an energy crisis (Преиспитување на енергетската ефикасност во време на енергетска криза),
Rethinking energy efficiency in time of an energy crisis
(getwarmhomes.org)- 2023
Овој труд има за цел да ја истакне поврзаноста меѓу три клучни елементи на граѓанската партиципација во процесите на подобрување на енергетската ефикасност во станбените згради, учество на граѓаните, граѓански ангажман и вклучување на заедницата. Преку теоретска анализа на односите и разликите помеѓу учеството на граѓаните, граѓанскиот ангажман и вклучување на заедницата, во трудот се опишуваат и добрите практики од работата на Хабитат Македонија во енергетско ефикасната обнова на станбени По темелна анализа на неколку теоретски модели, во трудот се покажува зошто ангажманот на граѓаните и заедницата се суштински за успешното реновирање на станбените згради. Проблемот со колективна иницијатива за подобрување на условите за живот како социолошки феномен е се поприсутен во нашето општество и преставува голема пречка во реализирањето на конкретни активности. Во трудот се предлагаат модели за зголемување и подобрување на квалитетот на заедничките акции преку реновирање на заедничките делови на станбените згради. Еден од моделите кои се препорачуваат е вклучувањето на локалната самоуправа преку субвенции и организирање на т.н. Ресурсни центри, каде граѓаните ќе добиваат поддршка при реновирањето на заедничките делови од зградите, а со тоа ќе се стекнат со потребните вештини за партиципација, комуникација и координација, што пак се од витално значење во овој процес.
Автор на труд The eea – Methodology in planning, monitoring and evaluating municipal energy efficiency programs (Методологијата ееа во функција на планирање, мониторинг и евалуација на општинските програми за енергетска ефикасност ) презентиран на 5th Western Balkans Evaluation Network Conference Impact Evaluation of public policies – principles, methods and practices, (Петтата конференција на евалуаторите на Западен Балкан со наслов Влијанието на евалуацијата врз јавните политики – принципи и методи и пракса), Љубљана, Словенија, септември 2023.
Poročilo s 5. Konference evalvatorjev Zahodnega Balkana
(September, 2023)
Трудот ја елаборира методологијата на eea, како движечка сила на националните и наднационалните енергетски стратегии, како алатка за квалитетен систем за управување со енергија и како основа за планирање, следење и евалуација на општинските/регионалните политики за енергетика и ублажување на климатските промени. Се фокусира на предизвиците во имплементацијата на методологијата за ееа во Македонија, анализирајќи ги организациските аспекти, капацитетите на општината и интересот на властите за инкорпорирање на методологијата во стратешкото планирање, мониторинг и евалуација на стратегиите за енергија и клима. Имајќи ја предвид сложеноста на современите енергетски прашања во Европа, оваа работа има за цел да ја зголеми свеста кај евалуаторите, консултантите за управување, локалните и регионалните власти и други, за методологијата на ЕЕА и со тоа да ја забрза нејзината имплементација во земјите од Западен Балкан.
Методологијата на Европската енергетска награда (eea) е систем за управување со квалитет и сертификација за општините што може да се користи при планирање, следење и евалуација на општинските енергетски и климатски политики, програми и акции. Поврзан е со многу европски иницијативи како што се Спогодбата на градоначалниците, Паметен град и со стандардот ISO 50001 за управување со енергијата. Методологијата eea се користи повеќе од 25 години, а денес се применува во 1700 општини или региони, со население од 71 милион, главно во западноевропските земји. Опфаќа 6 области на општинско/регионално работење: Развој и просторно планирање, Општински згради и објекти, Мобилност, Внатрешна организација, Снабдување и отстранување, Комуникација и соработка.
Македонија во 2020 година станува пилот-земја за методологија ЕЕА (European Energy Award), преку проектот EXCITE финансиран од ЕУ, а заедно со Словенија и Бугарија ја воведува методологијата во општините (Кочани, Карпош и Кичево). Бидејќи Македонија не е земја-членка на ЕУ и не е обврзана да подготвува SECAP (Акциски планови за одржлива енергија и климатски акции), методологијата на ЕЕА се користи за подготовка на задолжителни општински програми за енергетска ефикасност. Овој труд (студија на случај) го прикажува искуството во имплементацијата на ееа-методологијата во Македонија, презентирајќи ги социолошките и културолошките аспекти во тој процес.
Уредник и автор на труд со наслов Вклученост на заедницата во енергетската ефикасност на станбени згради ( Community engagement in the energy efficiency of the multi-apartment buildings), во публикацијата Енергетската ефикасност и управувањето со станбени згради во Централна и Источна Европа – збирка на најдобри практики (Energy efficiency and residential building management in Central and Eastern Europe – Compendium of best practices) Habitat Macedonia, 2022,
Energy Efficiency and Residential Buildings Management in Central and Eastern Europe
Во оваа публикација се застапени 7 посебни трудови кои ја презентираат комплексноста на енергетската ефикасност во резиденцијалниот сектор, како важен елемент на многу владини заложби за зелена економија, енергетска транзиција и ублажување на климатските промени. И покрај тоа што енергетската ефикасност во домовите е препознаена како еден од најдобрите пристапи кои обезбедуваат помала потрошувачка на енергија и намалување на загадувањето, таа останува на маргините на локалните, националните и иницијативите на ЕУ за енергетска ефикасност. Причина за тоа е фокусот на владите кон индустријата, транспортот, животната средина како сектори на големи потрошувачи на енергија, со што енергетската ефикасност во резиденцијалниот сектор е запоставено прашање во конкретни програми, планови и акции за намалување на потрошувачката на енергија. Публикацијата е наменета за пошироката јавност со цел јакење на свеста за значењето на енергетската ефикасност во станбениот сектор.
Во стручно- научниот труд се обработува темата за вклученоста на граѓаните во енергетско ефикасната обнова на станбените згради, како дел од т.н. „зелена транзиција“. Таму, од теоретски аспект се обработува партиципацијата на граѓаните, граѓанскиот ангажман и вклучувањето на заедницата, како многу важни социолошки аспекти на секое демократско општество. Бројни развојни иницијативи и проекти бараат учество на граѓаните и употреба на различни форми и методи за да се обезбеди нивно вистинско вклучување во процесите. При тоа, се обрнува внимание на фактот дека во праксата колку повеќе се зборува за граѓански ангажман, толку помалку има вистинско граѓанско учество во процесите на развој и одлучување. Со обезбедување на соодветни методи за вклучување на граѓаните во процесите на одлучување, согласно нивниот интерес и авторитет (моќ) за одлучување, ќе има суштинска граѓанска вклученост која ќе води до подобри резултати во примената на мерки за енергетска ефикасност во станбените згради..