Конференција на УНИЦЕФ и МТСП

Објавено на 16.10.2019 од Liljana Alceva


По повод меѓународниот ден на искоренување на сиромаштијата, на 14 и 15 октомври во Скопје, во организација на УНИЦЕФ МК и Министерството за труд и социјална политика се одржа регионална конференција насловена „Ефективна социјална заштита: поддршка на семејствата, децата и заедниците во борбата против сиромаштијата“. На завршниот дел од конференцијата Лилјана Алчева учествуваше во панел дискусија за бездомништвото и социјалното домување, каде се зборуваше за социјалното домување како основа за подобрување на степенот на сиромаштија, подобра интеграција во општеството и просперитет на ранливите групи.