Заврши обуката за Раководење со проектен циклус

Објавено на 05.01.2010 од Maja Baric

Тимот на Прима Мeнаџмент  Консaлтинг  ја започна реализацијата на програмата за “отворени “ курсеви  со обуката Раководење со проектен циклус (РПЦ). Обуката за РПЦ се одвиваше два пати неделно во периодот од 10 ноември до 10 декември 2009 година, во вкупно траење од 30 часови.

Десетмината учесници  на обуката имаа можност теоретски и практично да се запознаат  со основните принципи на планирањето, менаџирањето проекти и програми, пристапот на логичка рамка, социјалниот капитал и партнерството, како и со процесот на аплицирање за фондовите на Европската Унија.

Обучувачите Маја и Лиле ги водеа учесниците низ процесот на развивање на логичка рамка за две проектни идеи, кои понатаму може да бидат развиени во комплетни проекти.

Учесниците се задоволни од обуката , пред се од начинот на презентирање на содржината преку поврзување на практичната работа со теориското знаење, користењето на примери од богатото искуство на обучувачите  како и можноста за дискусија, размена на мислења и идеи.